• вторник, 20 јануари 2026

Бројот на регистрирани електрични возила во Албанија во 2025 година е речиси двојно поголем во споредба со 2024 година

Бројот на регистрирани електрични возила во Албанија во 2025 година е речиси двојно поголем во споредба со 2024 година

Тирана, 19 јануари 2026 (МИА) - Бројот на регистрирани електрични возила во Албанија во 2025 година е речиси двојно поголем во споредба со 2024 година, јави АТА пренесувајќи податоци на Генералниот директорат за услуги за патен транспорт (DPSHTRR).

Минатата година, во земјата беа регистрирани 6.187  електрични возила, што е за 98 проценти повеќе од претходната година.

„Година по година, возниот парк на Албанија станува сè повеќе „зелен“! (...) Повеќе „зелени“ возила на нашите патишта за почист, поодржлив и еколошки транспорт“, напишаа од Дирекцијата за услуги за патен транспорт.

Според Генералниот директорат за услуги за патен транспорт (DPSHTRR), од 2019 до крајот на 2025 година регистрирани се вкупно 12 565 електрични возила, од нив  6.187 минатата година. вт/зш/
Фото:DPSHTRR

Остани поврзан