• вторник, 17 декември 2024

Бројот на ранети во нападот во северен Израел се искачи на 67

Бројот на ранети во нападот во северен Израел се искачи на 67

Тел Авив, 13 октомври 2024 (МИА) – Бројот на ранети во нападот со дрон во областа Бињамина се искачи на 67, соопштија медицински лица.

Бројот на критично повредени и понатаму е четири, петмина се тешко повредени, а 14 се полесно повредени.

Повеќето беа однесени во медицинскиот центар Хилел Јафе во Хадера. Другите ранети се пренесени во болницата Шеба во Рамат Ган, болницата Рамбам во Хаифа и Медицинскиот центар Рабин во Петах Тиква, јави Тајмс оф Израел.

Џерусалим пост претходно јави дека Хезболах од подрачје во јужен Либан лансирал дронови кон Израел каде не биле активирани тревоги за предупредување. јт/

Фото: Скриншот

Остани поврзан