• среда, 25 декември 2024

Бројот на заразени во Европа надмина два милиона лица

Бројот на заразени во Европа надмина два милиона лица
Лондон, 23 мај 2020 (МИА) - Во Европа се регистрирани над два милиона заразени со новиот коронавирус. Најголем број заразени се во Русија, а следуваат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција. Русија има потврдено 335.882 заразени, а 3.388 починати. Во текот на овој месец, дневно се регистрирани и по 10.000 заболени лица. Во Велика Британија досега се пријавени 257.154 заразени случаи. Шпанија и Италија беа жаришта и најпогодени земји во Европа. Во Шпанија досега се регистрирани 234.824 заразени и 28.628 смртни случаи. Италија има потврдено 229.327 случаи на заразени лица, а од последица на коронавирусот починаа 32.735 луѓе. Повеќето држави почнаа со ублажување на мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на епидемијата. Популарните европски летни дестинации се подготвуваат веќе кон средината на јуни да пречекуваат туристи, по двомесечниот целосен карантин. гт/

Остани поврзан