• среда, 25 декември 2024

Бројот на загинати во поплавите во Непал достигна 193

Бројот на загинати во поплавите во Непал достигна 193

Катманду, 30 септември 2024 (МИА) - Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Непал предизвикани од поројните дождови на крајот од минатата недела се искачи на 193, објавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти кои соопштија дека спасувачките операции се засилени од денеска.

Полицијата соопшти дека 31 лице се уште се водат како исчезнати, а бројот на повредени досега изнесува 96.

Многу од смртните случаи се регистрирани во главниот град Катманду, каде што се поплавени јужните населби. Најмалку три автобуси кои беа заглавени во сообраќајот на пат кон градот беа затрупани од лизгање на земјиштето, при што загинаа повеќе од 30 луѓе.

Надлежните забележуваат дека вчера и денеска времето се подобрило, што е поволно за спасувачките операции и напорите за опоравување. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан