• вторник, 24 декември 2024

Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138

Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138

Манила, 27 октомври 2024 (МИА) – Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број луѓе се водат за исчезнати, соопшти денеска владината агенција за одговор при катастрофи.

Агенцијата соопшти дека бројот на жртви најверојатно дополнително ќе се зголеми поради поплавите и одроните предизвикани од невремето.

Полициски и противпожарни единици се ангажирани во операции за помош и спасување во погодените области на Филипините.

Фото: ЕПА

Остани поврзан