Бројот на жртвите од експлозијата во иранското пристаниште Шахид Раџаи се искачи на 65
- Бројот на жртвите од големата експлозија во иранското пристаниште во градот Бандар Абас се искачи на најмалку 65, објавија денес иранските државни медиуми.
Техеран, 28 април 2025 (МИА) - Бројот на жртвите од големата експлозија во иранското пристаниште во градот Бандар Абас се зголеми на најмалку 65, објавија денес иранските државни медиуми.
Според извештаите на иранските медиуми, експлозијата се случила во саботата во дел од пристаништето Шахид Раџаи, кое е најголем контејнерски центар во Иран, а како резултат на експлозијата биле скршени прозорци во радиус од неколку километри, метални траки биле откинати од бродските контејнери, а стоката внатре била сериозно оштетена.
Денес е ден на жалост во Иран поради несреќата. рп/
Фото: ЕПА