• четврток, 26 декември 2024

Бројни повици за оставка на шефицата на американската Тајна служба поради безбедносен пропуст

Бројни повици за оставка на шефицата на американската Тајна служба поради безбедносен пропуст

Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Шефицата на американската Тајна служба Кимберли Читл доби бројни повици за оставка поради сериозен безбедносен пропуст. Тајната служба се соочува со сериозни прашања за тоа како напаѓачот Томас Метју Крукс успеал да се позиционира на покрив веднаш до местото каде што се одржувал собирот, на растојание од само 130 метри.

„Шефицата на Тајната служба и одговорниот на обезбедувањето на настанот треба да поднесат оставки“, напиша милијардерот Илон Маск на Твитер. Маск додаде дека можни се две објаснувања: екстремна неспособност или намерно дејствување. Во секој случај, според него, раководството на Тајната служба мора да поднесе оставка.

Неколку часа по митингот, републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјави дека Конгресот ќе спроведе целосна истрага за трагичните настани. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан