• недела, 24 ноември 2024

Бродот болница на американската армија ќе почне да прима пациенти од понеделник

Бродот болница на американската армија ќе почне да прима пациенти од понеделник
Вашингтон, 4 април 2020 (МИА) - Бродот болница на американската морнарица закотвен во пристаништето на Њујорк ќе почне да прима пациенти во понеделник, јави денеска Си-Ен-Ен. Ќе се примаат пациенти кои немаат Ковид-19 симптоми, со тоа преполните болници во градот ќе ослободат капацитети да можат да примаат нови случаи на заболеност со коронавирусот. Според Си-Ен-Ен, на бродот можат да дојдат пациенти кои ќе покажат потврда дека немаат коронавирус, па затоа досега таму беа примени само тројца. Сега, тестовите за коронавирус можат да се направат во самиот брод, и доколку лицето е со симптоми на Ковид-19, тоа ќе биде пратено во градска болница, а во случај на негативен тест, лекувањето може да продолжи на бродот. Во меѓувреме, на повикот на градот Њујорк за волонтери се јавија 82 илјади медицински работници за да го надоместат недостатокот на такви кадри во болниците и здравствените установи на градот. Њујорк го тресе силна епидемија на коронавирусот. Досега, во градот Њујорк се регистрирани 1.905 жртви од коронавирусот, а на ниво на сојузната држава вкупно заболени се речиси 114 илјади, додека вкупно починале 3.565 лица. кб/

Остани поврзан