• среда, 25 декември 2024

Брнс на средба со независните пратеници, разговарале за важноста за законот за јавно обвинителство

Брнс на средба со независните пратеници, разговарале за важноста за законот за јавно обвинителство
Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) - Законот за јавно обвинителство бил тема на разговор на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс, која на својот Твитер профил објави дека одржала продуктивна средба за поддршка на реформите. -Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници денеска, за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење, напиша Брнс на профилот. бк/мд/

Остани поврзан