• среда, 25 декември 2024

Брнз: САД ја поздравуваат дискусијата за францускиот предлог во земјава

Брнз: САД ја поздравуваат дискусијата за францускиот предлог во земјава
Скопје, 3 јули 2022 (МИА) - САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз. -САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, порача Брнз во објавата, која вечерва беше објавена на Фејсбук страницата на американската Амбасада. -Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, истакна Брнз. ац/

Остани поврзан