• недела, 24 ноември 2024

Брнз: Задоволни сме од тековните разговори меѓу Софија и Скопје во насока на отворање на патот кон ЕУ за Северна Македонија

Брнз: Задоволни сме од тековните разговори меѓу Софија и Скопје во насока на отворање на патот кон ЕУ за Северна Македонија
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Северна Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз. Таа денеска твитна во врска со заедничкото патување и заедничките активности на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Рим по повод чествувувањето на Свети Кирил и Методиј. Радев, кој ја предводи бугарската делегација, околу пладне слета со бугарскиот државен авион на Меѓународниот аеродром – Скопје, за да ја земе македонската делегација, предводена од Пендаровски и заедно потоа да упатија кон Рим. Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија Пендаровски и Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј во кусата изјава денеска на скопскиот аеродром. Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј. ац/  

Остани поврзан