• среда, 25 декември 2024

Брнабиќ: Србија од вечерва ги затвара своите граници

Брнабиќ: Србија од вечерва ги затвара своите граници
Белград, 15 март 2020 (МИА) - Границите на Србија од вечерва ќе бидат затворени, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Брнабиќ за РТС изјави дека границите остануваат отворени за српските државјани кои се враќаат од странство, како и за дипломатите и странските државјани со дозвола за престој во Србија. Таа, објаснувајќи ја мерката за затварање на границите, истакна дека српските вооружени сили ќе бидат на границите, како помош на санитарната инспекција и граничната полиција. Брнабиќ изјави дека на граѓаните на Србија не може да им се забранува движењето. - Најсилната можна препорака за граѓаните е да седат дома и да бидат во самоизолација. Предучилишните, училиштните и високообразовните установи од утре ќе бидат затворени, кажа Брнабиќ, додавајќи дека од вторник настава ќе започне преку РТС и преку дигиталните учебници. - Секој што може да работи од дома, треба да работи од дома. Оние кои не можат да работат од дома, што не е случај во повеќето сектори, освен во производниот сектор, ќе мора да преземат заштитни мерки, заштитна опрема и голем број компании тоа го сториле, кажа Брнабиќ. Претходно денеска Владата на Република Србија донесе Одлука за ограничување на цените на основните прехранбени производи, заштитната опрема и средства за дезинфекција. Владата исто така донесе Заклучок со кој се забрануваат јавни собири во затворен простор до 50 лица, со што се намлува бројката до 100 луѓе колку претходно беше дефинирано. Владата упати препорака „до сите граѓани на возраст над 65 години, особено да го ограничат нивното движење и напуштање на домот колку што е можно помалку“, бидејќи тие се најранливата група граѓани. Од штабот за вонредни состојби на град Белград, согласно прогласената вонредна состојба, како што јави дописникот на МИА, донесени се повеќе одредби, меѓу кои и за намалувањето на обемот на градскиот сообраќај и укинување на сите ноќни линии и ограничување на работата на сите угостителски објекти од 08 до 20 часот. об/гт/

Остани поврзан