• четврток, 26 декември 2024

Брнабиќ - Џинпинг: Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово, Си навести дека ќе дојде во Србија

Брнабиќ - Џинпинг: Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово, Си навести дека ќе дојде во Србија

Белград, 6 ноември 2023 (МИА) - Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Пекинг по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина никогаш нема да го промени ставот за Косово, како и дека Србија целосно ја почитува политиката на Кина, која нема да се промени, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ изјави дека разговорот со Си Џинпинг поминал добро и дека Си навестил дека следната година ќе се обиде да дојде во Србија.

Што се однесува до економските односи меѓу Србија и Кина, Брнабиќ изјави дека се многу добри и оти се подобруваат.

-Секако дека очекувам нова ера на односи и меѓусебни размени во трговијата по потпишувањето на Договорот за слободна трговија, рече Брнабиќ.

Таа особено истакна дека иднината на Смедеревската железарница е сосема безбедна и дека сопственикот на компанијата, кинеската групација ХБИС, има јасни планови за дополнителни инвестиции. Како што рече, следниот фокус на вториот круг инвестиции во Железарата Смедерево се енергетската ефикасност и зелената транзиција.

-Планироаат дел од Железарницата да работи на водрод, што е идејата да во следните неколку децении нема да има емисии на штетни гасови. Тоа се неверојатни работи, рече Брнабиќ. об/мс/

 

Остани поврзан