• среда, 25 декември 2024

Брнабиќ: Од дијалогот Белград - Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Брнабиќ: Од дијалогот Белград - Приштина зависи стабилноста на целиот регион
Брисел, 18 мај 2021 (МИА) - Српската премиерка Ана Брнабиќ, која учествува на лидерската вечера во Брисел со другите пет лидери од земјите од Западен Балкан на покана на шефот на европската дипломатија се осврна накусо на дијалогот Белград - Приштина, што е една од главните точки на разговор вечерва, јави дописничката на МИА од Брисел. По умерените пораки на претседателот Александар Вучиќ од Словенија околу перспективите за успешен дијалог со Приштина наскоро, српската премиерка изјави дека дијалогот е во интерес на сите, вклучително и целиот регион и дека Белград останува посветен на овој процес. - Постои некоја фрустрација околу тоа што првиот состанок беше одложен од страна на Приштина, јас ја повторив пораката и на претседателот Вучиќ, тоа е и политиката на Србија, дека ние сме секогаш подготвени за дијалог. Дека дијалогот е во интерес на сите, и на Белград и на Приштина и пред се на сите кои живеат на просторот на Косово и Метохија, како и на целиот регион, истакна Брнабиќ. Таа нагласи дека „целокупната регионална стабилност“ зависи од дијалогот и процесот помеѓу Србија и Косово. - Секогаш е подобро да се разговара и се надевам дека првиот состанок ќе може да се закаже во текот на јуни, рече Брнабиќ. Од доаѓањето на власт на новиот косовски премиер Албин Курти Брисел се уште не успеал да закаже рунда преговори помеѓу Белград и Приштина. Курти, даде до знаење дека има и други приоритети, но надежта дека сепак двете страни ќе успеат да седнат на преговарачка маса во текот на идниот месец. Вечерата на лидерите со Борел е посветена пред се за геополитичкиот пристап на ЕУ кон Западниот Балкан и стабилноста на регионот, област во која односите помеѓу Србија и Косово играат клучна улога. тм/ми/

Остани поврзан