• сабота, 27 јули 2024

Брнабиќ најави формирање собраниска комисија за расправа за литиумот, ја покани опозицијата да учествува

Брнабиќ најави формирање собраниска комисија за расправа за литиумот, ја покани опозицијата да учествува

Белград, 26 јули 2024 (МИА) - Формирање парламентарна комисија за расправа за литиумот најави денеска претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ и ја повика опозицијата да учествува во нејзината работа, пренесе Бета.

Таа за РТС изјави дека ќе работи и на организирање на посетата на парламентарната делегација на Германија и Финска за да ги види сите активности на тие земји таму
во однос на литиумот.

Таа се заложи за аргументирана расправа во српското Собрание и ја повика опозицијата „да ја спушти топката“ за прашањето за литиумот. зш/

 

Остани поврзан