• вторник, 24 декември 2024

Брнабиќ: Иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите

Брнабиќ: Иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите
Белград, 6 мај 2022 (МИА) - Многу луѓе, дури и европски политичари, имаат наратив дека иницијативата „Отворен Балкан“ успеа да го подели регионот наместо да го обедини, но мислам дека тоа е затоа што некои вложија многу ресурси за таквиот наратив, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по учеството на конференција во Фиренца, јави дописникот на МИА од Белград. По учеството на панелот „Криза и промени - европска перспектива на Западен Балкан“ во рамки на Конференцијата за состојбите во Унијата, организирана од Европскиот универзитетски институт, Брнабиќ за локалните медиуми изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е отворена за сите, но никого нема да моли да и се придружи. - Ние и нашите партнери во иницијативата, Северна Македонија и Албанија, постојано ги покануваме сите останати да се приклучат. Сигурна сум дека економијата и жителите на другите земји и територии, кога ќе ги видат придобивките од оваа иницијатива, ќе извршат притисок врз политичарите да ги отфрлат празните приказни и да се посветат на прагматични работи кои значат подобар квалитет на живот и поконкурентна економија во Западен Балкан, изјави Брнабиќ. об/паг/

Остани поврзан