• среда, 25 декември 2024

Брнабиќ: Во инцидентите во Белград повредени 10 полицајци

Брнабиќ: Во инцидентите во Белград повредени 10 полицајци
Белград, 17 септември 2022 (МИА) - Српската премиерката Ана Брнабиќ по одржувањето на прошетката на „Еуропрајд“ во Белград, на вонредна прес-конференција изрази благодарност до мнозинството граѓани на Србија за покажаната „толеранција, разбирање и на прво место грижата за државата“. - Имавме ден кој помина без поголеми инциденти и во мир и горда сум на тоа. Посебна благодарност им должиме на припадниците на МВР и БИА, бидејќи тие се оние кои се погрижија Белград денеска да биде безбеден и сигурен град и да ги сузбијат инцидентите. Немаше голем број инциденти, ниту пак беа вклучени голем број луѓе во нив, посочи Брнабиќ. Таа наведе дека биле ангажирани 5.200 полицајци, од кои десетмина се полесно повредени во судирите со противниците на одржување на „Еуропрајд“. Приведени се 64 лица. Брнабиќ оцени дека Србија покажала дека е сериозна држава, која ги почитува правата на сите граѓани. - Направивме се на најдобар можен начин, конечно завршивме со оваа тема, ставивме крај и се свртивме кон поважни работи. Претседателот (Александар) Вучиќ денеска отпатува за Њујорк, каде ќе има низа средби за време на заседанието на ОН. Утре рано наутро ќе заминам за Лондон. Се свртуваме кон други работи, посочи Брнабиќ. ми/

Остани поврзан