• четврток, 26 декември 2024

Брнабиќ: Американските власти не и поставија ултиматуми на Србија за санкции кон Русија

Брнабиќ: Американските власти не и поставија ултиматуми на Србија за санкции кон Русија
Белград, 28 април 2022 (МИА) - Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека американските претставници кои неодамна го посетија Белград не и поставија ултиматуми на Србија во врска со воведувањето санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. - Тоа го немам слушнато од 2017 година кога станав премиерка. Ние и САД имаме различни ставови за санкциите против Русија, а за тоа прашаа и американските сенатори и Карен Донфрид (помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија), а нашиот одговор е принципиелен и во согласност со најдобрите интереси на нашата земја, народ и економија, изјави Брнабиќ за телевизија Хепи. Таа оцени дека честите посети на американски претставници на Србија го покажуваат поголемото присуство на САД на Западен Балкан и нивниот страв дека каква било криза од Источна Европа ќе се прелее и во регионот. об/паг/

Остани поврзан