• петок, 27 декември 2024

Брнабиќ: Ако немате инфраструктурно поврзан регион, не е реално да можете на ефикасен начин да го извезувате произведеното

Брнабиќ: Ако немате инфраструктурно поврзан регион, не е реално да можете на ефикасен начин да го извезувате произведеното

Белград, 17 ноември 2023 (МИА) - Инфраструктурното поврзување помеѓу земјите во регионот е од клучна важност за бизнисите и за луѓето, истакна денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

- Ако немате инфраструктурно поврзан регион, не е реално да можете да извезувате на трошковно-ефикасен начин се она што го произведувате. Но, исто така не е реално ни да инвестирате во идното поврзување на луѓе ако немате патишта. Денес каде што немате пруга, немате ни размена на млади, ни какво било дополнително поврзување кое гарантира друга иднина за разлика од онаа што ја имавме во минатото, рече Брнабиќ во одговор на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата на Србија.

Заотоа, како што рече,  денеска е голем и важен ден затоа што со потпишувањето на Меморандумот за изградба на железничка мрежа со високи перформанси, не ги поврзуваме ние само Ниш и Скопје, туку Скопје преку Ниш и Белград и Суботица со Будимпешта и понатаму со Централна и со Западна Европа.

-Едноставно ја поврзуваме целата ЕУ со железничкиот коридор до Солун, до Атина и се разбира до пристаништето во Пиреја што значи потполно поинаква иднина за овој дел од светот, овој дел од Европа. Овие проекти се исклучително скапи проекти, но сепак, железничката инфраструктура, железничкиот транспорт е приоритетен во рамките на транспорната стратегија на ЕУ која се води под мотото „Зелен и дигитален“ и тоа е иднината и ние денеска со нашата работа ја покажуваме нашата посветеност на таа иднина, потенцира Брнабиќ.  

Нагласи дека како Република Србија многу работеле и дека веќе го завршиле патниот Коридор 10 - целосно поврзување од границата помеѓу Република Србија и Хрватска, но и Унгарија и Србија низ целата должина на Република Србија и долу јужниот крак до границата со Северна Македонија и источниот крак до границата со Бугарија.

- Продолжуваме со поврзување со изградбата на автопатот Милош Велики до Пожега, па понатаму кон Сараево и кон границата со Црна Гора. Железничкиот коридор почнавме да градиме сега од Ниш до Димитровград, значи дополнителен железнички коридор со Бугарија, па поврзување со Северна Македонија, имаме план поврзување и со Црна Гора и разговараме за железничкиот Коридор Белград – Загреб – Љубљана кој дополнително би не поврзал со Австрија и Италија, потенцира Брнабиќ.вј/ев/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан