• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Бриџстоун“ ги претстави новите тркала за месечевите ровери

„Бриџстоун“ ги претстави новите тркала за месечевите ровери

Куруме, 8 април 2025 (МИА) - Познатиот јапонски производител на тркала и гуми, „Бриџстоун“ (Bridgestone) ја претстави новата генерација тркала за месечеви ровери. Има два модела: Едниот е дизајниран за мал ровер, а другиот - за возило со средна големина.

Новите производи ги надополнуваат претходните концептни тркала за месечевите ровери. Користењето гуми на Месечината не би било рационално поради екстремните температури и интензивното УВ-зрачење, што брзо би ги разложило таквите хемиски соединенија. Затоа и двата модели тркала се направени од метал.

Од нив, првиот е за лесни ровери и содржи помалку краци, а вториот има посложена структура и е наменет за ровери со средна големина што ќе може да се движат по тежок терен.

Во 2024 година, јапонската компанија претстави модел со флексибилна внатрешна структура и слоеви од „челична волна“. Сепак, првата генерација најмногу наликуваше на конвенционалните гуми за копнени возила со целосно затворена спирална растеглива структура.  си/сд/

Фото: Јутјуб, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан