• четврток, 26 декември 2024

„Бриџертон“ и натаму најгледана серија на Нетфликс

„Бриџертон“ и натаму најгледана серија на Нетфликс
Лос Анџелес, 29 септември 2021 (МИА) - Нетфликс го објави списокот од своите 10 најгледани ТВ-серии, според вкупниот број часови што луѓето ги минале, гледајќи ги преку стрим-пренос, во првиот месец од објавувањето на тој наслов. Стрим-платформата првпат објавува ваква топ-листа. На врвот е „Бриџертон“, а следат „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), „Почудни нешта“ (Stranger Things), „Вештерот“ (The Witcher)... Следи топ 10 листата: 1. „Бриџертон“, сезона 1 - 625 милиони часови, 2. „Куќа од хартија“, 4. дел - 619 милиони часови, 3. „Почудни нешта“ 3 - 582 милиони часови, 4. „Вештерот“, сезона 1 - 541 милион часови, 5. „13 причини зошто“, сезона 2 - 496 милиони часови, 6. „13 причини зошто“, сезона 1 - 476 милиони часови, 7. „Ти“, сезона 2 - 457 милиони часови, 8. „Почудни нешта“ 2 - 427 милиони часови, 9. „Куќа од хартија“ , 3. дел - 426 милиони часови, 10. „Џини и Џорџа“, сезона 1 - 381 милион часови. Во јануари годинава, Нетфликс објави дека „Бриџертон“ е нивната најуспешна серија на сите времиња. Дотогаш, 82 милиони домаќинства ја гледале историската љубовна приказна со Фиби Дајневор, Никола Кофлан и Реџе-Жан Пејџ во главните улоги. си/гт/

Остани поврзан