• четврток, 26 декември 2024

Бритиш Ервејс ќе отпушти 350 пилоти

Бритиш Ервејс ќе отпушти 350 пилоти
Лондон, 28 јуни 2020 (МИА) - Британската авиокомпанија Бритиш Ервејс (Britiss Airways) ќе отпушти 350 пилоти, а 300 ќе испрати на чекање, соопшти компанијата. Како што се наведува во соопштението, 300 пилоти од списокот на чекање ќе бидат повторно вработени кога ќе бидат потребни нивните услуги, а аналитичарите проценуваат дека тоа ќе се случи по една година или до две години. Сите други вработени во „Бритиш ервејс“ се соочуваат со намалување на платите од 15 проценти, но половина од намалената заработка ќе им биде вратена кога колегите кои чекаат ќе се вратат на работа. Повеќето од пилотите испратени на чекање летаа на авионот „Боинг 747“. паг/

Остани поврзан