• четврток, 19 декември 2024

Британците не купуваат имот ако локалниот паб е оддалечен повеќе од 13 минути пешачење

Британците не купуваат имот ако локалниот паб е оддалечен повеќе од 13 минути пешачење

Лондон, 3 декември 2024 (МИА) - Речиси една петтина (18 проценти) од сопствениците на куќи дале понуда да купат имот додека биле во локалниот паб, податоците беа објавени на веб-страницата Mortar Research.

Речиси една четвртина (24 проценти) од сопствениците на куќи, анкетирани од агенцијата за недвижности Zoopla, рекоа дека локалниот паб влијаел на нивната одлука да го купат нивниот моментален имот, а повеќе од една третина (36 проценти) рекле дека дури и не би дале понуда за куќа ако е предалеку од локалниот паб, каде што идеалното растојание го процениле да биде 13 минути пеш, додека растојанието од повеќе од километар и половина се сметало за предалеку.

Речиси половина (49 проценти) од оние кои веќе дале понуда за имот додека седеле во пабот, рекле дека консумирале пијалок во тоа време, според истражувањето на повеќе од 2.000 сопственици на куќи во Велика Британија од страна на фирмата во ноемвриски Mortar Research. 

За многу сопственици, посетата на локалниот паб беше составен дел од процесот на гледање нов дом, додека малку повеќе од една третина (36 проценти) изјавија дека пиеле или ручале во локална гостилница пред или по прегледувањето на имот.

Три четвртини (76 проценти) од нив рекле дека ги сметаат пабовите за составен дел од заедницата, додека 49 проценти веруваат дека е важно да се најде место за дружење блиску до дома. Меѓу оние кои додека барале имот, претходно посетиле паб, повеќе од половина (53 проценти) рекле дека решиле да го купат својот нов дом додека се напијат таму.

-Истражувањето сугерира дека локалните пабови играат изненадувачки голема улога во процесот на купување имот, без разлика дали станува збор за добивање чувство на локалната заедница или разговор со пријател за тоа дали заинтересираното лице сака да даде понуда, а во некои случаи тоа беше одлучувачки фактор во одлуката за купување“, рече Ден Копли, експерт за потрошувачи во Zoopla.

Извршната директорка на Британската асоцијација за пиво и пабови, Ема Мекларкин смета дека „добриот паб нуди многу повеќе од квалитетен пијалок“.

-Таквото место може да ја зголеми цената на имотот, а исто така е знак за одредена социјална вредност во локалната заедница. Тоа е место каде што ќе запознаете нови соседи и пријатели, ќе ги следите локалните вести или ќе уживате во вкусен оброк. Кога не сакате да ги миете садовите, пабовите се клучни за добро функционирање на нашите заедници, вели таа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан