• четврток, 26 декември 2024

Британско разузнавање: Русија загубила повеќе од 70.000 воен персонал во последните два месеца

Британско разузнавање: Русија загубила повеќе од 70.000 воен персонал во последните два месеца

Лондон, 12 јули 2024 (МИА) - Руските вооружени сили изгубија повеќе од 70.000 војници во нивните воени операции во Украина во последните два месеца, јави ДПА, повикувајќи се на податоци од британското Министерство за одбрана, кое се повикува на разузнавачки извори.

Просечниот дневен број на убиени и ранети руски војници за мај е 1.262, напиша Министерството на социјалната платформа Х.

„Просечната вредност на руските жртви најверојатно ќе продолжи да се движи над илјада дневно во следните два месеца, имајќи предвид дека Русија ќе продолжи да се обидува да ги заземе украинските позиции“, се вели во соопштението.

„Русија отвори нов фронт во регионот Харков и го задржа темпото на напади на други фронтови“, се додава во соопштението на британското Mинистерство.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, тоа редовно објавува информации за развојот на воените операции во Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан