• четврток, 19 декември 2024

Британското Гран при прекинато со црвени знамиња по тежок инцидент на стартот

Британското Гран при прекинато со црвени знамиња по тежок инцидент на стартот
Силверстоун, 3 јули 2022 (МИА) – Почетокот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија го одбележа тежок инцидент. Во верижен судар оштетени се болидите на Естебан Окон (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Гуанју Џоу (Алфа Ромео). Згора на тоа, најмногу настрада пилотот на Алфа Ромео, чиј автомобил се преврте. Трката веднаш беше прекината со црвени знамиња и болидите беа испратени во боксот. Албон и Џоу се пренесени во медицинскиот центар и се очекуваат информации за нивната состојба. Засега не се знае колку ќе трае прекинот и колку од болидите ќе се појават на новиот старт. зс

Остани поврзан