• четврток, 26 декември 2024

Британски товарен брод оштетен во напад со дронови кај брегот на Јемен

Британски товарен брод оштетен во напад со дронови кај брегот на Јемен

Дубаи, 6 февруари 2024 (МИА) - Британски товарен брод бил оштетен од напад со беспилотно летало во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен во текот на ноќта, соопшти поморската безбедносна компанија Амбри.

Бродот под знамето на Барбадос претрпел „мали оштетувања“, се вели во соопштението.

Британската агенција за поморска безбедност УКТМО соопшти дека бродот бил оштетен кога бил на 57 наутички милји или околу 105 километри, западно од пристаништето Ходеида, контролирано од Хутите.

Соединетите Држави синоќа извршија нов напад врз Хутите во Јемен, при што беа насочени два беспилотни летала со експлозив, соопшти американската команда за Блискиот Исток (Центком).

Американските сили ги засилија операциите во Јемен и во близина на брегот на земјата разурната од војна, со цел да ги заштитат бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив од нападите на Хутите.

Бунтовниците Хути ги поддржуваат Палестинците во Газа, каде Израел се бори против исламистичкото движење Хамас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан