• вторник, 19 ноември 2024

Британски научници: Масовното тестирање ќе биде неефикасно и скапо

Британски научници: Масовното тестирање ќе биде неефикасно и скапо
Лондон, 16 ноември 2020 (МИА) - Плановите на британскиот премиер Борис Џонсон за масовно тестирање на Ковид-19, што може да доведе до повторно отворање на големи делови од економијата, попозната како „Операција за лансирање на Месечината“, веројатно ќе бидат неефикасни и скапи, соопштија денеска британските научници. Според нив, плановите на Владата укажуваат на промена во стратегијата за „испитување и следење“, што е придружено со тешкотии при нејзиното спроведување, но дека скринингот на населението ќе донесе нови проблеми. - Нема докази за скрининг. Доказите поврзани со тестовите во моментов се лоши и слаби и треба да се подобрат, изјави професорката Алисон Полок, клинички професор по јавно здравје на Универзитетот во Њукасл. Полок, заедно со колегите од универзитетите во Бирмингем, Варвик и Бристол, предупреди дека неефикасните стратегии за тестирање и неточните тестови можат да ја загрозат довербата во тестирањето воопшто. Тие истакнаа дека приоритет треба да биде подобрување на системот за тестирање и следење. паг/

Остани поврзан