• среда, 13 ноември 2024

Британски комитет одлучи дека Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“

Британски комитет одлучи дека Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“

Лондон, 15 јуни 2023 (МИА) - Комитетот за привилегии при Долниот дом одлучи дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон треба да биде суспендиран од пратеничката функција на 90 дена поради тоа што намерно го завел Парламентот за забавите што ги приредувал за време на пандемијата.

Комисијата објави дека Џонсон намерно го довел во заблуда Долниот дом и бил соучесник во, како што ја нарече, „кампања на злоупотреба и обид за заплашување на комисијата“, објави Би-Би-Си.

Џонсон намерно го доведе во заблуда парламентот за забавите за кршење на карантинот што ги организираше за време на пандемијата, што го поткопа неговиот кредибилитет и придонесе за неговиот пад, соопшти комисијата на пратеници по едногодишна истрага.

Членовите на персоналот на Џонсон одржаа серија забави во 2020 и 2021 година кога таквите собири беа забранети поради пандемијата.

Долниот дом сега ќе расправа за извештајот на комисијата и ќе одлучи дали се согласува со наодите на комитетот и препорачаните санкции.

Комитетот, исто така, рече дека на Џонсон не треба да му се одобри пропусница до зградата на Парламентот. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан