• вторник, 24 декември 2024

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите
Лондон, 3 ноември 2022 (МИА) - Мајмунските сипаници можат да се шират и пред да се појават симптоми, објавија британски истражувачи. Претходно се сметаше дека мајмунските сипаници речиси целосно ги пренесуваат лица, кои веќе биле заразени. Мајмунските сипаници, релативно блага вирусна болест што е ендемска во неколку земји од Западна и Централна Африка, годинава експлодираше во некои делови од светот, со избивање во држави каде претходно ја немаше. Оттогаш регистрирани се речиси 78.000 потврдени и 36 смртни случаи, покажаа податоците на американските центри за контрола и превенција на болести. Светската здравствена организација оваа недела соопшти дека епидемијата сè уште претставува глобална здравствена опасност. Познато е дека вирусот се шири преку близок контакт и предизвикува симптоми, меѓу кои температура, болки низ телото и често, болни кожни лезии со гној. За да дознаат нешто повеќе околу тоа како мајмунските сипаници се пренесуваат во Велика Британија, тим експерти од Агенцијата за здравствена безбедност користеше податоци за рутински надзор и следење на контакти на 2.746 лица во земјата кои биле позитивни за одреден период. Нивната просечна старост беше 38 години, а 95 отсто од пациентите изјавиле дека се хомосексуалци, бисексуалци или машки лица кои имаат односи со друго машко лице. бд/

Остани поврзан