• петок, 27 декември 2024

Британски институт против продажбата на технологија на Саудиска Арабија и на ОАЕ

Британски институт против продажбата на технологија на Саудиска Арабија и на ОАЕ
Лондон, 5 октомври 2020 (МИА) - Британскиот институт „Тактики“ (Tactics) за безбедност и борба против тероризмот апелира да се спречи работата на поранешните британски шпиони, за како што наведе, за непријателски странски влади, вклучени во кибер шпионажа, како што се Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати. Авторите го критикува неуредениот пазар на поранешни шпиони, кои своите услуги ги продаваат на тие што ќе понудат најмногу без оглед дали се работи за компании или режими, каде се кршат човековите права на политичките противници. - Владата на Велика Британија и Европска Унија би требало да се однесуваат кон кон извозот на технологија и технолошко знаење да има ист третман како кон извоз на конвенционално оружје, со строги прописи и ограничувања, се истакнува во извештајот на Институтот со седиште во Лондон. Институтот потенцира дека продажбата на технологија и знање на држави што ги користат против своите противници или за поткопување на демократијата подразбира големи ризици што можат да влијаат врз Западот. Во извештајот се наведува примерот за кибер операции како проектот „Равен“, спонзориран од ОАЕ, каде американска компанија требало да ангажира поранешни шпиони и хакери за обука и оспособување на емиратски кандидати да ги компромитираат компјутерите на политичари во ОАЕ и во странство. На мета биле британски и американски граѓани и критичари на режимот. Институтот ги повика Велика Британија и ЕУ да преземат водечка улога во сузбивање на заканата од кибер напади, како и да ги запрат странските непријателски сили да користат технологија за ширење дезинформации, за кои наведува дека не се само Русија и Кина,туку и Саудиска Арабија и ОАЕ. ми/

Остани поврзан