• среда, 25 декември 2024

Британски волонтери ќе бараат контакти на заразени со коронавирусот

Британски волонтери ќе бараат контакти на заразени со коронавирусот
Лондон, 23 април 2020 (МИА) - Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска најави дека наредните недели ќе бидат подготвени 18.000 волонтери задолжени да бараат луѓе кои имале контакт со заразени со коронавирусот. Хенкок на прес конференција објасни дека „трагачите по контакти“ ќе наоѓаат носители на вирусот кога ќе се намали интензитетот на епидемијата. На новинарско прашање дали британската Влада им советува на граѓаните да носат маски, иако паѓа бројот на новозаразени, британскиот министер за здравство одговори дека препораките на Владата се уште се во сила, но оти ситуацијата постојано се анализира. Патрик Валанс, висок научен советник на британската Влада, оцени дека доказите за мерката задолжително носење маски се „променливи и прилично слаби“. јт/

Остани поврзан