• среда, 20 ноември 2024

Британските судии се повлекуваат од Врховниот суд на Хонгконг

Британските судии се повлекуваат од Врховниот суд на Хонгконг
Лондон, 30 март 2022 (МИА) - Врховниот суд на Обединетото кралство денеска соопшти дека конечно ги повлекува своите судии од Апелацискиот суд на Хонгконг, поради несогласување со кинескиот закон за национална безбедност. - Судиите од Врховниот суд не можат да продолжат да заседаваат во Хонгконг, без да е јасно, дека ја поддржуваат администрацијата, што отстапува од вредностите на политичката слобода и слободата на изразување, изјави претседателот на Врховниот суд, Роберт Рид. бд/гт/

Остани поврзан