Британски специјални сили ставени во состојба на готовност за можна мобилизација во Украина
- Британски специјални сили се ставени во состојба на готовност за можна мобилизација во Украина во рамки на британската мировна мисија, објави британскиот портал The i Paper, повикувајќи се на два воени извори запознаени со директивата.

Лондон, 19 март 2025 (МИА) - Британски специјални сили се ставени во состојба на готовност за можна мобилизација во Украина во рамки на британската мировна мисија, објави британскиот портал The i Paper, повикувајќи се на два воени извори запознаени со директивата.
Нивни воени извори тврдат дека воените планери задолжени за подготовка на владините сили издале инструкции до специјалните единици да се подготват за можна мобилизација во Украина.
Британскиот команден центар за воено планирање, Постојана здруженакоманда (PJHQ), минатата недела доби директиви да започне со распоредување персонал и ресурси.
Наредбите, кои се однесуваат и на резервните сили на специјалните единици, предвидуваат дека персоналот ќе биде во готовност за да обезбеди оперативност на воената опрема пред да добие официјално известување за мобилизација за Украина, пишува порталот.м.
Одлуката за ставање на клучните единици во готовност е донесена пред состанокот на военото раководство на групата земји кои го поддржуваат договорот за прекин на огнот со Русија. рп/
Фото: МИА архива