• четврток, 26 декември 2024

Британскиот парламент препорачува санкционирање на експремиерот Борис Џонсон за аферата „Партигејт“

Британскиот парламент препорачува санкционирање на експремиерот Борис Џонсон за аферата „Партигејт“

Лондон, 20 јуни 2023 (МИА) - Британскиот парламент го одобри извештајот на Комитетот за привилегии на Долниот дом со кој се препорачуваат санкции против поранешниот премиер Борис Џонсон за неговото лажење на пратениците и британската јавност околу неговата улога во аферата „Партигејт“ .

Тој треба да биде казнет за намерно заведување на парламентот за време на пандемијата на коронавирус кога организираше забави, кои беа забранети.

Британските медиуми пренесуваат дека само седум пратеници гласаа против извештајот, додека 354 гласаа за неговото казнување.

Со усвојување на извештајот, на поранешниот британски премиер му е одземена можноста за  посебен пристап до парламентот.

Џонсон ненадејно поднесе оставка од парламентот пред нешто повеќе од една недела, откако претходно видел копија од извештајот, нарекувајќи ја истрагата „лов на вештерки“. сд/

фото:Твитер

Остани поврзан