• среда, 25 декември 2024

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс најави кандидатура за лидер на Конзервативната партија

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс најави кандидатура за лидер на Конзервативната партија
Лондон, 9 јули 2022 (МИА) - Британскиот министер за транспорт Грант Шапс најави дека ќе се кандидира за премиерската функција. Тој изјави за лондонски „Сандеј тајмс“ и додаде дека доколку биде избран, ќе предложи итно усвојување на буџетот во првите 100 дена за намалување на даноците за најзагрозените и обезбедување државна поддршка за компаниите со високо ниво на потрошувачка на енергија. „Имавме две и пол години тактичко владеење од често расеан центар. Мора да заврши. Мора да бидеме стратешка влада, трезвени во нашите анализи“, нагласи Шапс. Весникот објави дека целта на Шапс е да се справи со кризата на трошоците за живот и да ја обнови британската економија за да биде најголема во Европа до 2050 година. Покрај Шапс, британскиот министер за одбрана Бен Волас, еден од фаворитите за наследник на британскиот премиер Борис Џонсон, изјави дека одлучил да не се кандидира за позицијата лидер на Конзервативната партија. Својата кандидатура за наследник на Џонсон ја објави и поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак. зш/

Остани поврзан