• понеделник, 23 декември 2024

Британскиот министер за здравство не очекува нови затворања поради коронавирусот

Британскиот министер за здравство не очекува нови затворања поради коронавирусот

Лондон, 12 септември 2021 (МИА) - Британскиот министер за здравство Саџид Џавид денеска рече дека не очекува нови затворања во борбата против Ковид-19 и ја отфрли можноста за користење сертификати за вакцинација како услов за учество на луѓето во масовни настани.
- Не очекувам повеќе затворање. Мислам дека секој министер за здравство во светот би бил неодговорен ако исклучи се, но едноставно не гледам како би можеле да стигнеме до друго затворање, изјави Џавид за Би -Би -Си. Запрашан за сертификатите за вакцинација за учество во масовни настани, Џавид одговори дека се уште не станува збор за тоа. - Она што можам да кажам е дека ние тоа добро го разгледавме и дека треба да го имаме како можна опција, но со задоволство можам да кажам дека нема да одиме понатаму со овие планови, рече Џавид. Тој исто така рече дека сака да се „ослободи“ од ПЦР тестовите за патниците што е можно поскоро. Џавид додаде дека Владата ќе остане „претпазлива“, но дека „програмата за вакцинација, програмата за тестирање, програмата за следење, новиот третман на лекување... сето тоа е одбранбен ѕид и иако има многу вируси наоколу, тоа функционира“. Велика Британија, која е меѓу најлошите во светот во однос на официјалните смртни случаи од последиците од ковид вирусот, забележа зголемување на случаите во последните неколку месеци по ублажувањето на ограничувањата во јули. Премиерот Борис Џoонсон во вторник ќе ги претстави своите планови за управување со пандемијата на Ковид-19 во зимските месеци. паг/
 

Остани поврзан