• петок, 27 декември 2024

Британскиот конзорциум престанува со производство по испорака на 13.000 респиратори

Британскиот конзорциум престанува со производство по испорака на 13.000 респиратори
Лондон, 7 јули 2020 (МИА) - Британскиот конзорциум кој со основа група на воздухопловни, автомобилски и инженерски компании, со цел производство на респиратори за здравствената служба на земјата, соопшти дека завршува со производството откако испорача повеќе од 13,000 уреди. Вентилатор Челинџ УК (VentilatorChallengeUK) соопшти дека неговото производство повеќе од двојно ги зголемило залихите со респиратори достапни за употреба на Националната здравствена служба (NHS). Конзорциумот, кој беше основан на непрофитна основа со помош на компании како што се Форд, Мекларен, Ролс-Ројс и Ербас, соопшти дека во мај го зголемил производството во случај на втор бран на зараза. Но, претседателот на VentilatorChallengeUK, Дик Елси, рече дека НХС е добро обезбедена за иднина. - Помогнавме да се обезбеди НХС секогаш да има пристап до потребниот број респиратори и задоволни сме што придонесовме за создавање отпорни залихи во случај на потреба за респиратори во иднина, рече тој. јт/

Остани поврзан