• петок, 27 декември 2024

Британскиот амбасадор Метју Ларсон во работна посета на Македонска Каменица

Британскиот амбасадор Метју Ларсон во работна посета на Македонска Каменица
Македонска Каменица, 15 ноември 2022 (МИА) - Во работна посета на Општина Македонска Каменица денеска беше амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Метју Ларсон. Тема на разговор на средбата со градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски беа повеќе актуелни теми од областа на енергетиката.
-Во рамки на работната средба покрај разговорите за повеќе актуелни теми, ја искористив приликата да го запознаам британскиот амбасадор со историјата и традициите на нашата Општина. Со начините на нејзиното функционирање денес, со предизвиците предизвикани од енергетската и економската криза, како и со плановите на локалната самоуправа за градење и развој на Македонска Каменица во модерна и развиена Општина, истакна Атанасовски.
На средбата била нагласена и огромната придобивка за заедницата од добрата соработка помеѓу Општината и Рудник Саса.
-Го истакнав огромното значење и придобивките за заедницата од добрата соработка со компанијата „Рудник Саса", како најголем екомонски оператор во нашата Општина. Нашите тековни инфраструктурни проекти со Рудникот Саса, како и идната заедничка визија за забрзан развој на општина Македонска Каменица, додаде Атанасовски.
Локалната самоуправа како што додаде останува подготвена и отворена за продлабочување на соработката со Обединетото Кралство во сите сфери од взаемен интерес. Атанасовски изрази надеж  дека денешната посета ќе биде причина повеќе за почеток на многу нови заеднички проекти, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и развојот на Македонска Каменица. вс/дма/

Остани поврзан