• четврток, 26 декември 2024

Британската полиција заплени над еден тон кокаин во каналот Ла Манш

Британската полиција заплени над еден тон кокаин во каналот Ла Манш

Лондон, 20 април 2023 (МИА) - Британската гранична полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во водите на Ла Манш, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Британската полиција откри голем број предмети кои плутаат на површината на водата, по што биле однесени во пристаништето Довер, каде тестовите потврдиле дека се работи за повеќе од еден тон кокаин.

Дрогата се запленува околу 1,5 месец откако два тона кокаин, спакувани во херметички затворени пакувања, од кои некои беа прикачени на елеци за спасување, беа исфрлени на брегот на француските плажи во Нормандија.

Министерството наведува дека минатата година во Англија и Велс биле запленети 18,8 тони дрога, што е зголемување за 68 отсто во однос на периодот 2020-2021 година. сд/

Остани поврзан