• петок, 27 декември 2024

Британската Влада размислува да ја повика армијата за решавање на кризата на бензинските пумпи

Британската Влада размислува да ја повика армијата за решавање на кризата на бензинските пумпи
  Лондон, 27 септември 2021 (МИА) - Британската Влада размислува да ја повика армијата да помогне во снабдувањето со гориво на бензинските пумпи, откако во некои реони на Британија 90 отсто беа принудени да затворат. Доцна синоќа Владата соопшти дека привремено ќе го суспендира законот за конкуренција за да може индустријата да им помогне на најтешко погодените бензински пумпи. Ова ќе им овозможи на производителите, добавувачите и превозниците да разменуваат информации и да работат заедно за решавање на кризата. Гордон Балмер, извршен директор на Асоцијацијата на нафтени трговци, утрово изјави дека анкетата спроведена вчера меѓу нејзините членови покажува дека има области каде што до 90 отсто од бензинските пумпи се затворени поради недостиг на гориво. Министерот за бизнис, енергија и индустриска стратегија Квази Квартенг истакна дека кризата не се должи на недостиг на гориво, туку предизвикала прекини во синџирот на снабдување и повторно повика на смиреност по хаотичните сцени на бензинските пумпи, кои траат веќе четири дена. Квартенг истакна дека Владата има долгорочен план за решавање на проблемот. паг/    

Остани поврзан