• четврток, 26 декември 2024

Британската влада не е подготвена за екстремни временски настани

Британската влада не е подготвена за екстремни временски настани

Лондон, 6 декември 2023 (МИА) - Владата на Обединетото Кралство не е доволно подготвена за екстремни временски настани кои би можеле да предизвикаат значителни нарушувања, утврди Националната ревизорска канцеларија (НАО) во извештајот објавен денеска, а во кој се вклучени резултатите од проценката за тоа како Обединетото Кралство е подготвено за четири типа екстремни временски услови: суша, поплава, бура и високи температури. 

Во извештајот се наведува дека иако британската Влада работеше на зајакнување и изнаоѓање соодветен одговор на климатските промени, како и за ублажување на ризиците, требаше да стори повеќе и порано за да се подготви и прилагоди на екстремните временски услови. 

„Сегашниот предизвик за владата е како да стави доволен акцент на превенцијата и подготвеноста, но и на донесувањето информирани одлуки за приоритизација за да обезбеди ефикасни и ефективни инвестиции на долг рок“, се наведува во извештајот на Националната ревизија, пренесен од британските медиуми. 

Во него се додава дека владините ресори треба забрзано да работат брзо до 2025 година на координиран, приоритетен пристап кон климатските инвестиции и адаптација, а потоа да го спроведат до 2028 година, што е пред нејзината сегашна цел да биде имплементиран до 2030 година. Поради отсуството на ефикасна стратегија и цели, на британската Влада и е тешко да носи одлуки за инвестирање, оценува НАО. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан