• среда, 25 декември 2024

Британската амбасада донира опрема за Армијата во борбата против коронавирусот

Британската амбасада донира опрема за Армијата во борбата против коронавирусот
Скопје, 7 април 2020 (МИА) - Британската Амбасада во земјава денеска донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот. Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици. - Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници, објави Министерството за одбрана на Фејсбук. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Речјел Галовеј претходно разговараа преку конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната. - Одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска денеска за да разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против Ковид 19, напиша на Твитер британската амбасадорка. нд/сп/

Остани поврзан