• среда, 25 декември 2024

Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Кралицата Елизабета Втора

Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Кралицата Елизабета Втора
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за одбележување на 70. Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. На настанот биле поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатување на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Северна Македонија. Како што информираат од Британската амбасада во Скопје, засадени се повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини. - Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие Национални шуми и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13 000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион. Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување, се посочува во соопштението на Амбасадата. Амбасадорот Метју Лосон изјави дека бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. - Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП Национални шуми, како и на бизнис заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Северна Македонија каде е најмногу потребно. Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија. Би сакал да се заблагодарам на Алкалоид, Kuehne Nagel, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Универзал груп, Британската детска академија, Квенбергер Логистик и Дени Интернационал за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес, рече Лосон.фф/лв/

Остани поврзан