• четврток, 26 декември 2024

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа

Британка со привремен престој во Охрид ограбувана од лицето кое се грижело за неа
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Британска државјанка, која била со привремен престој во Охрид, е ограбувана од лице кое се грижело за неа. Тој неовластено ја користел нејзината банкарската картичка, со којашто извршил повеќе трансакции во вредност од 1.700.000 денари. - Тој, на 21.09.2022 неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 - годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека СВР Охрид има поденесенокривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан