• сабота, 23 ноември 2024

Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел

Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел

Лондон, 20 септември 2023 (МИА) – Конзервативниот британски премиер Риши Сунак денеска ги забави плановите на Велика Британија за справување со климатските промени, најавувајќи одложување на забраната за продажба на нови бензински автомобили за да ја задржи јавната поддршка за транзицијата кон нула емисии.

Сунак нагласи дека останува посветен на правно обврзувачката цел за постигнување нула емисии до 2050 година, но и дека Велика Британија може да си дозволи побавен напредок бидејќи е „далеку пред која било друга земја во светот“.

За да ги ублажи, како што ги нарече, „неприфатливите трошоци“ за енергетската транзиција за британските домаќинства, Сунак го одложи спроведувањето на забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел, од 2030 на 2035 година.

Тој најави олеснување на транзицијата од плински бојлери и дека нема да ги тера домаќинствата да ја подобрат изолацијата. Сунак рече дека ја менува мерката затоа што претходно властите пребрзо се движеле кон целта за нула емисии, без да ја добијат поддршката од јавноста.

- Ако продолжиме по тој пат, ризикуваме да ја изгубиме поддршката од британскиот народ, а реакцијата што ќе резултира не само што би била против конкретните политики, туку и против самата поширока мисија, рече Сунак на прес-конференција. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан