• среда, 25 декември 2024

Британец осуден на три години затвор за учество во насилните антиимигрантски протести минатата недела во земјата

Британец осуден на три години затвор за учество во насилните антиимигрантски протести минатата недела во земјата

Лондон, 7 август 2024 (МИА) – Британецот Дерек Драмонд (58) денеска е осуден во судот во Ливерпул на три години затвор за непристојно однесување за време на антиимигрантските протести во Велика Британија во текот на минатата недела, што е една од првите пресуди по бранот насилство поради убиството на три девојчиња во северозападна Англија, јавија британските медиуми.

Кралскиот суд во Ливерпул го осуди Драмонд на затворската казна откако тој се изјасни за виновен за учество во насилство во немирите и за напад врз член на тимот за итни случаи, удирајќи притоа и полицаец.

Казната е прва што се изрекува за обвинение за вмешаност во насилство, откако трите девојчиња беа убиени во напад со нож во приморскиот град Саутпорт.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан