• петок, 20 декември 2024

Брисел соопшти дека внимателно ги следи настаните на Радио-телевизија Словенија

Брисел соопшти дека внимателно ги следи настаните на Радио-телевизија Словенија
Брисел, 27 септември 2022 (МИА) – Брисел внимателно следи што се случува со јавните медиуми во Словенија, соопшти денеска Европската комисија (ЕК) како одговор на штрајкот на новинарите на Радио-телевизија на Словенија (РТВС), кој се одржа вчера. ЕК потсети на неодамна претставениот предлог на Европскиот акт за слобода на медиумите, чија цел, меѓу другото, е „јавните медиуми да не смеат да станат пропаганден канал на една партија“. Одговарајќи на прашање словенечката новинска агенција СТА во врска со штрајкот на новинарите на РТВС, комисијата соопшти дека „ќе продолжи внимателно да го следи развојот на настаните, како и воопшто состојбата во областа на медиумите во Словенија“. - Јавните медиуми играат клучна улога во обезбедувањето квалитетни и непристрасни информации, но поради нивниот статус и начин на работа, тие можат да бидат особено изложени на ризик од мешање и политичко влијание, рече Кристијан Виганд, портпарол на комисијата одговорен за владеењето на правото. На ова предупреди и Брисел во годишниот извештај за владеење на правото, во кој и препорача на Словенија „да ги зајакне правилата и механизмите за зајакнување на независното управување и уредувачката независност на јавните медиуми, притоа почитувајќи ги европските стандарди во однос на јавните медиуми“. јт/

Остани поврзан