• четврток, 26 декември 2024

Брзата реакција на НИКОБ спречи посериозен инцидент во грабежот на Уни банка

Брзата реакција на НИКОБ спречи посериозен инцидент во грабежот на Уни банка
Вчера се случи вистинска драма во експозитурата на УНИ Банка во Капиштец. Вооружени крадци вчера извршија грабеж, но предизвикаа и опасен инцидент, но благодарение на брзината и професионалноста на НИКОБ обезбедувањето на крадците им се расипал планот. Преку специјалниот сигурносен систем за набљудување и алармирање, обезбедувањето на НИКОБ во банката ги алармирале мобилните патролите на НИКОБ кои престигнале за 1 минута и биле преземени оперативно безбедносни мерки при што патролниот работник на НИКОБ ги забележал вооружените крадци како го напуштаат објектот и се дале во бегство, но обезбедувањето на НИКОБ била упорно во намерата да ги разоткрие сторителите, но кон него биле истрелани куршуми. Во понатамошниот дел од настанот, НИКОБ во размена на информации со МВР помогна во расветлување на кривичниот настан.     _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан