• петок, 27 декември 2024

Бретон: При евентуален втор бран на Ковид-19 нема да се затвораат европските држави

Бретон: При евентуален втор бран на Ковид-19 нема да се затвораат европските држави
Брисел, 22 јуни 2020 (МИА) - Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека европските држави се стекнаа со доволно искуство во борбата против новиот коронавирус и затоа при евентуален втор бран борбата во поголем степен ќе се води на локално ниво. - Со стекнатото искуство, наместо да се затвораат цели држави ќе можеме да ги обезбедима регините еден по еден, секоја зона една по една. На тој начин ударот врз економијата ќе биде значително помал, истакна Бретон. Тој додаде дека Европа се уште не е целосно излезена од изолацијата и оти продолжува борбата со епидемијата и затоа сите треба да бидат внимателни. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан