• недела, 24 ноември 2024

Бретон: Предлогот за единствен полнач не е насочен против Епл

Бретон: Предлогот за единствен полнач не е насочен против Епл

Брисел, 23 септември 2021 (МИА) – Еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон негираше дека предлогот за воведување единствен полнач за сите електронски направи е поврзан со Епл, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија денеска предложи да се измени законодавството во ЕУ за да се овозможи еден единствен полнач со УСБ-Ц на сите електронски направи за да се олесни употребата за потрошувачите, но и за да се намали електронскиот отпад.

На прес конференција во Брисел попладнево, еврокомесарот за индустрија одговори на прашање дали оваа одлука ќе претставува проблем за Епл.

- Повеќе пати се видов со Тим Кук и никогаш не го покренал ова прашање, ова не го загрижува многу Епл, одлуката не е насочена против нив, ниту против кого било, ние работиме за рок од 10, 20 години, не за сегашниот момент, а впрочем Епл веќе користи УСБ-Ц протокол за многу производи како ајпадот и лаптопи, и не верувам дека ова ќе предизвика проблеми, рече Бретон. тм/паг/

Остани поврзан